Monday, December 14, 2015

Пирамидите во Гиза

Трите пирамиди кои се наоѓаат во Египет, во тогашниот град Гиза, денес во самото предградие на Каиро се единствените досега сочувани светски чуда.
Пирамидите во Гиза се единствени досега сочувани од седумте светски чуда. Само големата Кеопсова пирамида е дел од светското чудо (не и двете помали пирамиди покрај неа), која е изградена по налог на фараонот Куфу владетел на четвртата династија во 2560 п.н.е. како негова гробница.
Пирамидата во почетокот била висока 145,75m, но со текот на годините врвот е срушен и е намален за околу 10m. Аглите на страните кон основата изнесуваат 51°51‘. Секоја страна од пирамидата е прецизно ориентирана кон четирите страни на светот. Должината на страните во основата на пирамидата се 229m. Целата градба се состои од приближно 2.300.000 камени блокови од кој секој блок тежи повеќе од 2t. Истите се носени со чамци од каменоломот од левата страна на реката Нил и тоа само во пролет кога реката се излевала. Се верува дека целата градба траела цели 20 години и ја граделе 100.000 луѓе.

No comments:

Post a Comment