Обликот на египетската пирамида се смета дека претставува исконска Могила од која Египќаните верувале дека е создадена земјата. Формата на пирамидите се смета за претставник на опаѓачките зраци на сонцето, а најмногу пирамиди биле соочени со полиран, високо рефлективен бел варовник, со цел да им даде одличен изглед гледано од дистанца. Пирамидите исто така биле често именувани на начинот на кои се упатувале кон соларната светлина. На пример формалното име на Бент пирамидата во Дахшур е пирамидата јужно сјаење и на Сенвосрет во ел-Лахун беше Сенвосрет сјае.
Иако е општо прифатено дека пирамидити биле погребни споменици, сеуште постои несогласување на посебните богословски принципи кои можеби довеле до нив. Една од теориите е дека тие биле дизајнирани како еден вид на ``воскреснувачка машина``.
Египќаните верувале дека темната област на ноќното небо околу која се чини дека ѕвездите се вртат била физички портал за во рајот. Еден од косите зраци кој се протега од главната гробница низ целото тело на големата пирамида се упатува директно кон центарот на овој дел од небото. Ова укажува дека пирамидите можеби биле дизајнирани да служат како средство за магично испраќање на душата на покојниот фараон директно во живеалиштето на боговите.
Сите египетски пирамиди се градени на западниот брег на Нил, кое како место на заоѓањето на сонцето било поврзано со царството на мртвите во египетската митологија.